Skip to main content
Свет

Украинската армија нападна складиште за нафта во рускиот град Енгелс

08/01/2025  11:43

Одбранбените сили на Украина во текот на ноќта ја погодија базата за складирање нафта „Комбинат Кристал“, која се наоѓа во градот Енгелс, во руската област Саратов, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на „Фејсбук“, пренесува „Укринформ“.

Гувернерот на таа област, Роман Бусаргин, претходно денеска изјави дека руските градови Саратов и Енгелс биле нападнати од украински беспилотни летала во текот на ноќта, но според прелиминарните информации, во нападот нема повредени.

Рускиот гувернер на „Телеграм“ објави дека противпожарните екипи и итните служби биле испратени на местото на несреќата.