Skip to main content
Хроника

Уапсени малолетници од Скопје, физички нападнале и се обиделе да ограбат 14 годишно дете

11/08/2026  09:49

На 10.08.2026 во 20:40 часот на ул.„11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници од Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.