Skip to main content
Хроника

Уапсени четири лица од Радовиш – краделе во продажни објекти

18/12/2024  13:42

На 16.12.2024 во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.Ј.(29), С.А.(28), С.Р.(32) и Т.М.(24), сите од Радовиш, поради сомнение дека во декември 2024 година извршиле четири кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти, од кои три на подрачје на Радовиш и една на подрачје на Струмица.