Skip to main content
Македонија

Муцунски утре во Атина на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“

22/11/2026  14:15

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре во Атина на покана на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ 

Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.