Skip to main content
Хроника

Уапсена е скопјанка – во станот држела 12-годишник кој го нападнал нејзиниот син

28/01/2025  16:13

Вчера во 18 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода А.Р.(46) од Скопје.

Според пријавеното од Ј.М.(35) од Скопје, околу 13 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р., по што А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, по што го однела во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.