Skip to main content
Хроника

Уапсен возач поради сообраќајката на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје

01/07/2025  09:58

На 30.06.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(29) од Р.Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(32) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.