Skip to main content
Хроника

Уапсен е млад гостиварец, обљубил девојче кое не наполнило 14 години

04/01/2025  16:30

Полицијата информира дека вчера во 11.20 часот на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.М.(22) од Гостивар, кој што бил пријавен од страна на 51 годишна гостиварка, дека ја намамил на обљуба и друго полово дејствие нејзината малолетна ќерка која не наполнила 14 години.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.