Skip to main content
Балкан

Турските воздухопловни сили за првпат добија жена генерал

07/08/2026  23:27

Полковничката Озлем Карапинар е унапредена во чин бригаден генерал, со што стана првата жена во историјата на турските воздухопловни сили која стигнала до генералски чин.

Одлуката за нејзиното унапредување била донесена на состанокот на Врховниот воен совет на Турција (YAŞ), со кој претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Со новиот чин, Карапинар влегува во највисокиот команден ешалон на турските вооружени сили. Во турската воена традиција, генералите и адмиралите традиционално се ословуваат со титулата „Паша“, па нејзиното унапредување има и силно симболично значење.

Иако жените и претходно стигнувале до генералски чинови во други родови на турските вооружени сили, Карапинар е првата жена која го постигнала тоа во воздухопловните сили.

Нејзиното унапредување се оценува како историски пресврт за турското воено воздухопловство и отвора ново поглавје за улогата на жените на највисоките командни позиции.