Skip to main content
Балкан

Турција со најголема мрежа за сеизмичко следење во Европа

02/05/2025  10:58

Турција располага со повеќе од 1200 станици за следење на сеизмичка активност, што ја прави земја со најголема ваква мрежа во Европа, изјави Орхан Татар, директор на Центарот за сеизмичка активност и управување со ризици при турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), пренесе ТРТ Хабер.

MK Summit

Татар посочи дека овие станици испраќаат податоци во реално време до специјализиран центар, каде постојано дежураат 25 инженери. Според него, секоја година се обработуваат над 30.000 земјотреси.

„Со помош на 1200 станици ние континуирано ја следиме сеизмичката активност. Според овој показател, Турција има најразвиена мрежа за следење земјотреси во Европа“, изјави Татар, додавајќи дека АФАД продолжува да ја унапредува и проширува мрежата и надвор од границите на Турција.

Најголема концентрација на сеизмички станици има во регионот на Мраморното Море, каде се наоѓаат повеќе од 300 станици, соопшти АФАД.