
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на 36. Самит на НАТО, кој се одржува во Анкара, каде што со лидерите на земјите-членки разговара за безбедносните предизвици и иднината на евроатлантската соработка.
Во пресрет на официјалниот дел од Самитот, Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. На Фејсбук таа информираше дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.
„Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста“, порача претседателката.
Попладнето лидерите на земјите-членки се собраа на традиционалното заедничко фотографирање, при што Сиљановска-Давкова беше позиционирана во првиот ред заедно со останатите шефови на држави и влади.
- Самит на НАТО е фокусиран на зајакнување на колективната безбедност, унапредување на одбранбената соработка и координиран одговор на актуелните геополитички предизвици, а се очекува лидерите да усвојат повеќе заеднички заклучоци и насоки за идното дејствување на Алијансата.
