Skip to main content
Магазин

Хорор филмовите се добри за вашето здравје

07/07/2026  16:33

Иако многумина ги избегнуваат хорор филмовите поради стравот што го предизвикуваат, научните истражувања сугерираат дека тие можат да имаат и позитивно влијание врз организмот. Сепак, ефектите зависат од тоа колку навистина ќе се исплашите додека ги гледате.

Една британска студија од 2012 година покажала дека луѓето кои силно реагираат на страшни сцени можат да согоруваат до 184 калории за време на еден хорор филм. Тоа е приближно исто колку што се трошат при 40-минутно пешачење. Причината е зголеменото лачење адреналин, кое привремено го забрзува метаболизмот.

Освен тоа, гледањето хорор филмови може краткотрајно да ја забрза циркулацијата и да го зголеми крвниот притисок. Според некои истражувања, ваквата реакција може привремено да ја поттикне активноста на имунолошкиот систем.

Интересни се и резултатите поврзани со расположението. Социолозите сметаат дека по завршувањето на филмот, многу луѓе чувствуваат олеснување, подобро расположение и помалку анксиозност, бидејќи сфаќаат дека опасноста била само на екранот.

Сепак, овие придобивки најчесто се забележуваат кај луѓе кои навистина доживуваат возбуда и страв додека го гледаат филмот. Доколку хоророт не предизвика никаква емоционална реакција, позитивните ефекти најверојатно ќе изостанат.

Експертите предупредуваат дека хорор филмовите не се препорачуваат за помали деца. Истражување на Универзитетот во Мичиген покажало дека 26 проценти од студентите изјавиле дека како деца доживеале трауми по гледање хорор филмови, а кај дел од нив тоа довело до долготрајна анксиозност.