Skip to main content
Свет

Трамп најави продажба на венецуелска нафта по апсењето на Мадуро

07/01/2026  15:10

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави план за рафинирање и продажба на 30 до 50 милиони барели венецуелска нафта, која се наоѓа под американски санкции, што укажува на координација меѓу Вашингтон и венецуелските власти по апсењето на претседателот Николас Мадуро. Мадуро е во притвор во Њујорк и се соочува со обвиненија за трговија со дрога, по американската операција во Венецуела во која, според проценките на САД, загинале околу 75 лица.