Skip to main content
Македонија

Мицкоски остро до Софија за македонскиот јазик

07/01/2026  15:08

Премиерот Мицкоски упати остри критики кон официјална Софија поради најновите дипломатски формулации. Поводот за реакцијата е тврдењето на Министерството за надворешни работи на Бугарија, кое во контекст на билатералните документи наместо стандардниот термин „македонски јазик“, ја употребило формулацијата „достапен јазик“.

За Мицкоски ова директно ги поткопува напорите за градење доверба и дека признавањето на Бугарите во Уставот нема да стави крај на идентитетските оспорувања.

Мицкоски тврди дека инсистирањето за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот не е крајната цел, туку само инструмент за поширока стратегија. Според премиерот, ова е само една фаза од процесот кој води кон „комплетно редефинирање на македонскиот идентитет“. Оваа изјава сугерира дека владата во Скопје се подготвува за долготраен дипломатски отпор, одбивајќи да прифати решенија кои би можеле да се толкуваат како национално обезличување, дури и по цена на стагнација на патот кон Европската Унија.