Skip to main content
Хроника

Тетовец лажнo ги обвинил своите баба и дедо дека му украле над 50.000 евра

11/08/2026  14:16

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” во врска со кривично дело „кражба”.

На 03.03.2026 во СВР Тетово, пријавениот лажно пријавил дека на 01.03.2026 во неговиот дом, неговите дедо и баба одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари.