Skip to main content
Балкан, Македонија

Температурен шок од следната недела на Балканот: Следува подолг период на променливо време

04/05/2025  15:44

Почнувајќи од утре понеделник, доаѓа промена на времето и пад на температурата. Периодот на лошо време на Балканот ќе потрае, според сегашните прогнози, вели српскиот метеоролог Иван Ристиќ.

MK Summit

„Од петти до дваесетти мај времето ќе биде многу променливо. Повторно ќе врне дожд, ќе има многу облаци. Повторно ќе копнееме по сонце. Температурата ќе биде околу 20 степени. Кога ќе има повеќе дожд, а помалку сонце, температурата ќе биде под 20 степени“, вели Ристиќ за Танјуг.

Ваквото променливо време, според Ристиќ, ќе потрае во следните две недели.

„Во сабота, недела и понеделник температурите ќе бидат помеѓу 26 и 30 степени, вистински летни температури. Но, во понеделник попладне времето ќе се промени, ќе има облаци, дождови, можни се бури, град, грмотевици. Значи, почнувајќи од следната недела, влегуваме во двонеделен период на променливо време, посвежо, со температури претежно помеѓу 16 и 20 степени, односно ќе биде околу 10 степени постудено“, вели Ристиќ.