Skip to main content
Македонија

Таварари се самоопредели, лидерите во „Вреди“ му кажаа дека вратата му е затворена, вели Сали

07/05/2025  20:38

Во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, Беким Сали од “Вреди” рече “Директно го прашавме господинот Таравари дали има комуникација со господинот Ахмети на што тој потврдно ни одговори”.

„Јавноста беше шокирана од канали на комуникација кои што постоеле меѓу Таравари и Ахмети, а сето тоа било скришум, односно на перфиден начин изведено, за другите коалициони партнери од „Вреди“ да не знаат од оригиналниот извор, од господинот Таравари, туку да дознаат преку други извори на информации. И тука почнаа превирањата дали треба да се продолжи соработката со Алијанса на Албанците, односно со господинот Таравари или не. Дојдовме до заклучок дека господинот Таравари не може да се врати. Неговото инсистирање беше да оди со одвоени листи за советници, меѓутоа со кандидати за кои би можеле да се договориме и со „Вреди“ и со ДУИ. Тој принцип го оддалечи Таравари од „Вреди“, не се партиите, не се лидерите кои што му кажаа дека има затворена врата во „Вреди“, туку тој сам се самоопредели да биде дел од една кауза која не е мисија на „Вреди““, истакна Сали.