Skip to main content
Спорт

Историски успех: Лина Ѓорчевска се пласира во главната фаза на Вимблдон

25/06/2026  18:39

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон.

Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која преку квалификациите успеала да се избори за место во главниот жреб на Вимблдон, остварувајќи еден од најголемите резултати во својата кариера.

Во квалификациите што се играа во Рохемптон, во близина на Лондон, македонската тенисерка најпрво ја совлада Шпанката Анхела Фита Болуда, а потоа продолжи со серија убедливи настапи кои ја однесоа меѓу 128-те тенисерки во главниот жреб. За Ѓорческа ова беше трет настап во квалификациите на Вимблдон. Во 2017 и 2024 година беше елиминирана уште во првото коло, но годинава успеа да го направи големиот исчекор и да стигне до најголемиот успех на тревната подлога во својата кариера.

Вимблдон, кој годинава ќе се игра од 29 јуни до 12 јули, важи за најстар и најпрестижен тениски турнир во светот. За да се пласираат во главниот жреб, тенисерите и тенисерките кои не влегуваат директно според ранкингот мора да поминат три квалификациски кола, што дополнително ја нагласува тежината на успехот на Ѓорческа. Во моментов 31-годишната македонска тенисерка се наоѓа околу 223. место на ВТА-листата, а нејзин најдобар пласман во кариерата е 170. позиција.

Жрепката за главниот турнир е закажана за 26 јуни, кога Ѓорческа ќе го дознае името на својата прва противничка.