Skip to main content
Македонија

Таткото на Фросина до Пандов: Ја враќате вербата дека државата конечно функционира

02/02/2025  10:05

Тодор Кулаков, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова од Неготино се заблагодари на раководството на затворот „Скопје“ и на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов за брзата реакција откако се објавија фотографии како 20-годишниот Васил Јованов кој ја прегази Фросина, во притвор има мобилен телефон.