
На 06.08.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

