Skip to main content
Хроника

Сообраќајка на автопатот Миладиновци – Куманово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

17/12/2024  19:05

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – с. Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а тешките моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.