Skip to main content
Македонија

Сончеви периоди претпладне, дожд навечер: Денеска промена на времето

08/11/2026  08:18

Променливо облачно време со краткотрајни сончеви периоди се очекува денеска, недела, 8 ноември, во Македонија. Во попладневните часови и во текот на ноќта во западните делови ќе има услови за локален дожд, а на повисоките планини и за слаб снег.

Според прогнозата на УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претпладнето ќе биде претежно сончево, додека во вечерните часови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната температура во главниот град се очекува да достигне околу 12 степени.

Променливото време ќе продолжи и на почетокот на следната седмица. Во понеделник во Скопје се очекува облачно време со повремен дожд и максимална температура околу 12 степени, а во вторник претежно облачно, со дневна температура до 13 степени.