Skip to main content
Свет

Седум ученици загинаа, а 99 се повредени во експлозија во близина на училиште во Авганистан

28/11/2026  17:34

Најмалку седум ученици загинаа, а 99 се повредени во експлозија во близина на училиште во источната авганистанска покраина Кунар.

Експлозијата се случила во предградие на Асадбад, главниот град на покраината која граничи со Пакистан. Според првичните наоди, можно е несреќата да била предизвикана од невнимание при складирање експлозивни средства што им припаѓале на рударски компании.

Во експлозијата бил оштетен училишниот објект, а дел од зградата се урнал. Локалните власти информираат дека до 15 повредени лица биле задржани на болничко лекување, додека останатите биле пуштени по укажаната медицинска помош.

Авганистанските власти отворија истрага за утврдување на причините и околностите на експлозијата. Дополнителни информации најавија по завршувањето на истрагата.