Skip to main content
Македонија

Левица: ДПМНЕ го сведе лекувањето на лотарија – пациентите се борат за живот, Клековски за фотелја

28/11/2026  17:47

Соопштение на Левица:

Во здравствениот систем на ДПМНЕ, на пациентите не им е доволно што мораат да ја водат најтешката битка во својот живот, туку мораат да се борат и со државата за воопшто да добијат шанса да преживеат! Цела недела онколошки пациенти се враќаат без терапија со таксол (паклитаксел), анастрозол се најавува дури по 15 декември, а до Левица пристигнаа информации дека недостига и гентамицин.

Уште во јануари минатата година, од позиција на директор на ФЗО, Клековски го лоцираше проблемот во несоодветното планирање на набавките, а годинава дури и гарантираше дека онколошките пациенти нема да останат без терапија. Речиси две години подоцна, Клековски е унапреден во министер, а пациентите се уназадени во лекувањето!

Како да не е доволно што пациентите немаат лекови, министерот се фали со наводна успешна вакцинација против сезонски грип, додека луѓето, особено надвор од Скопје, сѐ уште чекаат покана. Ја чекаат оние на кои вакцината им е најпотребна: постарите, хронично болните и трудниците. Клековски, пак, нив ги советува да имаат трпение. Очигледно, барањето трпение и префрлањето одговорност се единствените способности на Клековски.