Skip to main content
Скопје

Скопје конечно ќе ја добие празничната магија што ја заслужува, вели новиот градоначалник

12/11/2025  09:04

По неколку бледи зими во кои главниот град изгледаше тажно и речиси без празничен сјај, годинава Скопје ќе ја добие новогодишната атмосфера што ѝ доликува на една метропола. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат средства за украсување на улиците и плоштадите, како и за организирање новогодишна прослава за граѓаните.