Skip to main content
Хроника

Син на полициски командир во Тетово претепал човек, жртвата со тешки повреди пренесена во Скопје

16/10/2025  10:55

Син на командир во полициска станица во Тетово вчера вечерта физички нападнал човек кој работи во тобако, соопштија од СВР Тетово.

Од СВР Тетово потврдуваат дека на 15.10.2025 околу 05:20 часот полициски службеници го лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Д., постапувајќи по претходна пријава. Жртвата е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а сторителот е задржан во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.