
Шведската армија ќе учествува во надзорот и заштитата на финската територија со борбени авиони „Грипен“ и корвета најмалку до крајот на 2026 година.
– Шведска одговори на барањето на Финска да ја зајакне својата воздушна одбрана поради влошената безбедносна ситуација, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.
Тој додаде дека покрај борбените авиони, бродови беспилотни летала, Шведска би можела да придонесе и со копнени системи против дронови.
Воените беспилотни летала што залутаа во воздушниот простор на Финска, на Естонија, на Летонија и на Литванија предизвикуваат загриженост дека војната во Украина се прелева на северните граници на НАТО.
Шведска и Финска, двете најнови членки на НАТО, веќе имаат тесна билатерална одбранбена соработка. Финска дели граница со Русија долга 1.340 километри.

