
Соопштение за јавност на СДСМ:
Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат.
ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ.
Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа е факт.
СДСМ е политички наследник на АСНОМ и на антифашистичката борба. Тоа никој не може да го промени.
Токму тоа најмногу го нервира Мицкоски – затоа што на државниот празник, денот на државноста нема место за неговата партија.
Затоа се обидува на сила да создаде континуитет, онаму каде што не постои.
Дури и денес Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани.
Го искористи Илинден за да ги нападне оние кои го разобличија неговиот лажен патриотизам.
Тој не води држава – тој води организирана криминална група водена исклучиво од интерес, а не од патриотизам.
Човек кој самиот рече дека ВМРО е „про-македонска” партија (затоа што не може да биде македонска кога голем дел од функционерите и нивните семејства имаат бугарски пасоши и фирми во Бугарија) нема никакво право да зборува за Илинден – ниту за 1903, ниту за 1944.
Како и во времето на Ванчо Михајлов, и денес работат против интересите на Македонија:
ја блокираат европската интеграција, ја изолираат земјата, ја ограбуваат државата и го осиромашуваат народот.
А потоа држат говори за патриотизам и државност.
Во говорот рече дека генерациите што доаѓаат треба да ја продолжат борбата против омразата, цинизмот и „талогот”.
Прво – кои генерации? Младите масовно ја напуштаат земјата токму поради него и неговата банда.
Второ – кој ја шири омразата?
Кој ја водеше кампањата „предавници и патриоти”? Мицкоски.
Кој дојде на власт со лаги? Мицкоски.
Кој е циничен? Мицкоски.
Кој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството”, „медиокритети” и „мочуриште”? Повторно Мицкоски.
Со својот говор всушност ја повика цела Македонија да се бори против него.
Сè е јасно.
Доаѓа времето на вистината и правдата.
Тогаш тој и членовите на неговата криминална група ќе одговараат пред независни судови и европско обвинителство.
Тоа време доаѓа.


