
Соопштение за јавност на СДСМ:
Граѓаните со денови бараат јасен одговор од Министерството за правда и од Христијан Мицкоски: Дали се испратени барањето и документите за екстрадиција на Никола Груевски?
Додека ЗНАМ тотално се распаѓа, а Мицкоски веќе го стави Филип Филков на листата за смена по реконструкцијата на владата, граѓаните заслужуваат да знаат:
Кој е вистинскиот налог што Мицкоски му го дал на Филков?
Дали да го штити Груевски или да го апси?
Што покажуваат анкетите што Мицкоски ги нарачал? Дали е подобро Груевски да биде уапсен или повторно да му се дозволи да побегне?
Мицкоски очигледно се двоуми и калкулира.
Еден дел од ВМРО е против апсењето на поранешниот претседател на партијата.
Друг дел, сепак, откажува послушност – како градоначалникот на Карпош Сотир, кој јасно гледа дека наскоро ќе почнат истраги во Унгарија кои директно ќе водат до Мицкоски и неговата криминална група.
Исто како што пратеници и советници од ЗНАМ масовно ја напуштаат партијата основана од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски – луѓето во ЗНАМ и во ВМРО-ОКГ не сакаат повеќе да бидат соучесници во криминалот на Мицкоски и неговата криминална група.
Мицкоски ја блокира екстрадицијата на Груевски, со тоа го штити не само Груевски, туку и себе си и својата криминална мрежа.
СДСМ јасно порачува: Доста со игрите и со заштитата на криминалците!
Граѓаните бараат јасен и недвосмислен одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени? Или Мицкоски по секоја цена ја штити криминалната банда?
Нема повеќе да дозволиме државата да се користи како штит за криминалци и бегалци.
Европска Македонија или криминална изолација.


