Skip to main content
Македонија

СДСМ поднела четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

03/01/2026  11:45

Соопштение за јавност на СДСМ:

Последниот случај, колумна на Героски, објавена на 31.12.2025 година на порталот Плусинфо.мк со наслов „Скотови од кланот Дубаи, опасен сум и вооружен до заби – моите оружја се упорноста, знаењето и зборовите!”.

Станува збор за текст кој не претставува ниту новинарски коментар, ниту критички став во јавен интерес, туку отворена злоупотреба на медиумот за лична и политичка пресметка, исполнета со навреди, деградирачки квалификации, заканувачка реторика и говор што симулира насилство.

Иако авторот формално тврди дека не се заканува, во текстот континуирано користи милитантна и насилна лексика, вклучително и формулации како:

• „опасен сум и вооружен до заби”,

• „ве чекам на нишан”,

• „орен за борба”,

• „зборовите кршат коски”.

Ваквиот дискурс, особено во политички и општествен контекст, не е метафоричка игра, туку свесна стратегија на заплашување, застрашување и демонстрација на моќ, што е спротивно на основната улога на новинарот во демократско општество.

Со тоа е прекршен член 10 од Кодексот, кој експлицитно забранува говор што поттикнува на насилство или го нормализира.

Дополнително, текстот содржи простачки навреди, понижувања и лични дискредитации насочени кон СДСМ, нејзиното раководство и членство, со што е флагрантно прекршен член 15 од Кодексот, кој налага негување на културата на јавниот говор и професионалната етика.

• „скотови”,

• „ступиден пријавувач”,

• „Лажна и ступидна”

• „неписмените од СДСМ”,

• „глупандерски соопштенија”, како и лични дискредитации и исмевање.

Наместо аргументирана јавна дебата, колумната е претворена во личен памфлет за дискредитација и исмевање, што претставува и прекршување на член 16 од Кодексот, кој забранува користење на медиумот за лични и политички пресметки. Притоа, намерно се мешаат факти и мислења, што е спротивно на основните стандарди на одговорно информирање.

Особено загрижувачки е делот во кој се врши јавен притисок врз институциите, со непримерно обраќање кон раководството на МВР и симулирање институционални постапки, со што дополнително се поткопува довербата во владеењето на правото.

Ова не е изолиран случај, туку континуитет на недолично и неетичко однесување.