
Соопштение на СДСМ
Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете” во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните.
Не може!
Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството”, „глодари”, „медиокритети”, „мекотели” па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието.
Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата.
Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава.
Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг – кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги.
Мицкоски не им се извини на граѓаните.
Тој се обиде да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата беше празна, со цел да создаде привид на „исправка”.
Но граѓаните не се наивни.
Вистинското извинување значи признавање на грешката.
Досега од Мицкоски видовме само театар.
Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата.



