Skip to main content
Свет

САД соопштија дека четири лица загинале во напад врз брод осомничен за шверц на дрога

20/09/2026  10:37

Во американски воздушен напад врз брод со осомничени шверцери на дрога во Карипското Море загинаа четири лица.

Американската јужна команда соопшти дека четворица „нарко-терористи“ загинале во нападот врз пловниот објект, за кој САД тврдат дека „оперирал долж воспоставени рути за шверц на дрога“ во Карипското Море.

По налог на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, американската војска во повеќе наврати изврши напади врз пловни објекти во Карипското Море и во источниот дел на Тихиот Океан, како дел од напорите за разбивање на меѓународните мрежи за шверц на дрога.

Критичарите ги доведуваат во прашање ваквите американски операции во меѓународни води, сметајќи дека се спротивни на меѓународното право. Според официјалните податоци, во операциите против шверцерите на дрога досега загинале повеќе од 220 лица.