Skip to main content
Македонија

Сабота 16 мај 2026: Циклон од Џенова ни носи многу врнежи и невреме

15/05/2026  08:50

Метео анализа на Славчо Попоски:

Утре, сабота, територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова. Токму ова ќе услови да имаме променливо облачно и нестабилно време со честа појава на обилни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен за кратко време) силен ветер (над 70 км/час) силни електрични празнења  и со услови за појава на град.

Во Скопје  и околината исто така денот сабота 16 мај 2026 носи многу нестабилно време честа појава на врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични пранзења и со услови за појава на град.

Температурите пак наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 22 степени.

Апелирам во случај на појава на силно невреме на ден Сабота 16 Мај 2026 на поголема претпазливост. Односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер да се заштитат автомобилите, односно истите да не се ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.