
Руското МНР излезе со соопштение во јавноста поврзано со американските санкции против Русија. „Непријателските акции на САД нема да останат без одговор и ќе бидат земени предвид при градењето на надворешната економска стратегија на Русија“.
Според Русија, одлуката на актуелната американска власт е обид да се наштети на руската економија и покрај постоењето на ризик да се дестабилизира светскиот пазар пред крајот на „неславниот мандат на Џо Бајден“.