
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез денеска изјави дека договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години, дека има за цел да го зголеми производството на сурова нафта на 1,5 милиони барели дневно и дека ќе го зачува суверенитетот на земјата над нејзините природни ресурси.
Во обраќање на државната телевизија ВТВ, Родригез рече дека договорот со САД е „историски“ и ќе помогне во заживувањето на економијата и зголемувањето на државните приходи.
„Овој 25-годишен билатерален проект предвидува развој на 17 стратешки нафтени полиња со цел производство на повеќе од 1,5 милиони барели дневно. Таа бројка се однесува исклучиво на билатералниот договор меѓу Венецуела и САД“, рече Родригез.

