
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината и повремено засилен северозападен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 7 до 20 степени.
Промелниво облачно време ќе се задржи и во текот на следната седмица. Локален пороен дожд грмежи и засилен ветер се очекува во вторник.

