Search

Прободениот лекар жртва на љубоморен сопруг?

Повредениот доктор вчеравечер бил опериран во Ургентниот центар. Неговата состојба е стабилна и тој наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.

Драма на скопските клиники. Доктор на Токсикологија бил избоден со нож додека доаѓал на дежурство. 48-годишниот доктор со иницијали Н.З. од кумановското село Слупчане бил пресретнат пред влезот на Клинички центар и два пати бил прободен во стомакот и во грбот. Според надлежните, лична пресметка е причина за нападот врз лекарот. Неофицијално, пак медиумите објавуваат дека докторот бил во љубовна врска со медицинска сестра од истата клиника, а напаѓачот бил нејзин сопруг. Од Лекарската комора најостро го осудија настанот. 
 
Повредениот доктор вчеравечер бил опериран во Ургентниот центар. Неговата состојба е стабилна и тој наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување. 
 
За нападот известена е и полицијата. Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
Од Министерството за здравство се децидни – здравствените работници се лица кои вршат хумана дејност и секаков напад врз нив ќе биде најостро санкциониран. 
 
Инаку, ова не е прв пат персоналот на Токсикологија да биде мета на напади. Сестрите и докторите од оваа Клиника, каде има голема фреквенција на пациенти, постојано добиваат закани од револтирани роднини на болните. Директорот Беќаровски вели дека болницата е без сопствено обезбедување, а можност за ангажирање на обезбедувачи нема бидејќи клиниката кубури со финансии. 
Треба да знаете
Последни објави