Skip to main content
Хроника

Превртено возило во Кисела Вода

18/02/2025  10:08

На 17 февруари 2025 година, на маалска улица Локов во општина Кисела Вода, се случи сообраќајна несреќа во која автомобил се преврте на кров.

Според првичните информации, несреќата се случила во утринските часови, додека врнел снег, што можеби придонело за намалена видливост и лизгав коловоз. Засега нема официјални податоци за повредени лица, а на местото на настанот пристигнала полиција за да изврши увид и да ја утврди причината за инцидентот.