Search

Претставен е дизајнерски прстен со копче за опасност

Претставен е дизајнерски прстен со копче за опасност

 

Дури и ако никогаш не сте се сретнале со некоја непосредна опасност, ќе се согласите дека дополнително чувство на сигурност е секогаш добредојдено. Токму тоа беше водечката мисла на дизајнерите од американската компанија „Нимб“, која го претстави својот модел на „паметен“ прстен.

prsten

Имено, осмислија прстен со едноставен дизајн, кој во себе содржи т.н. копче за опасност. Се’ што треба да направите е да го носите прстенот и да имате инсталирано матична апликација. Ако го држите притиснато подолго од 3 секунди, ќе испратите сигнал дека се наоѓате во потенцијална опасност, како и вашата локација. Можете да изберете дали повикот ќе го испратите на вашето семејство, на најблиските корисници кои исто така ја користат апликацијата или, пак, во полиција. Ако се случи случајно да испратите сигнал дека сте во опсаност, тој може лесно да се стопира.

prsten

Прстенот доаѓа во рцна, бела и во сребрена варијанта, а несомнено е дека неговите користи би можеле да бидат повеќекратни. Цената на прстенот изнесува 129 долари.

Треба да знаете
Последни објави