Skip to main content
Свет

Преговори меѓу Украина и САД без Русија во Мајами

21/03/2026  09:44

Украинската делегација пристигна во Мајами, каде што денес ќе разговара со претставници на Соединетите Американски Држави.

Американската страна ќе ја претставуваат специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Руската страна не учествува во преговорите. Кремљ вчера објави дека Москва нема да учествува во преговорите меѓу Киев и Вашингтон во Мајами, бидејќи тие ќе бидат билатерални и дека очекува контактите да продолжат во блиска иднина. 

Последната рунда разговори меѓу Украина, САД и Русија се одржа во Швајцарија кон средината на февруари. Состаноците оттогаш се прекинати поради војната на САД против Иран.