Skip to main content
Македонија

Полициското одделение во зградата на МРТВ утре нема да работи

09/05/2025  13:30

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре (сабота) поради изведување на градежни работи во просториите на Одделението за управни работи Скопје, објект на МРТВ, оваа организациона единица нема да работи, согласно досегашниот работен распоред на издавање на лични документи во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Воедно напоменуваме дека во објектот „Беко“ при ОУР Скопје непречено ќе се одвива издавањето на личните документи согласно тековното работно време, информираат од МВР.