Skip to main content
Хроника

Полицијата откри малолетници кои се забавувале во кафулиња во Охрид по полноќ

08/02/2025  15:46

Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти во градот. Од СВР Охрид најавија пријави за одговорните лица во угостителските објекти.

„Во неколку објекти евидентирано е присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што на правното и одговорното лице во објектите ќе им бидат поднесени соодветни пријави“, извести СВР Охрид.