
На 01.08.2026 во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол.
Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот.
