Skip to main content
Култура

Почнува јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за 2026 – 2030

10/05/2026  17:47

Во Музејот на македонската борба за самостојност, утре (11 мај 2026 г.) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 година со Акциски план.

Во воведниот дел пред присутните ќе се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков.