Skip to main content
Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026  09:19

Гордана Дувњак, истакната македонска новинарка од светот на политиката и правдата, почина денеска по долго боледување во Скопје

Во период од 1991 до 1999 година, работеше во Нова Македонија. Таа долги години работела како новинарка, а потоа беше и уредник во весникот Утрински весник во период од 1999 до 2017 година.

Во 2017 година, се вработи во порталот Макфакс.

Во 2018 година е вработена во 1ТВ како новинар и одреден период како уредник на телевизијата. Од 2019 година работеше во весникот Фокус.