Skip to main content
Македонија

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

06/05/2025  21:17

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која почина на 64-годишна возраст, дел од велешката болница.

И покрај тоа што беше дел од локална болница, македонската јавноста ја памети како еден од најхрабрите лекари кои застанаа на првата линија во борбата со коронавирусот за време на пандемијата. Како специјалист по инфективни болести, се одзва на повикот на Министерството за здравство и несебично замина да помогне во епицентарот на заразата – градот Дебар, каде што во најтешките моменти лекуваше пациенти и придонесе во справувањето со кризата.

Голем дел од својата кариера ја посвети на Инфективното одделение при Општата болница во Велес, каде што со својата експертиза, посветеност и човечност остави неизбришлив белег.

На социјалните мрежи се нижат бројни коментари од граѓани и колеги кои со тага се простуваат:
„Со нејзината работа и посветеност кон пациентите, остави траен белег во болницата во Велес, пред сè на Инфективното одделение. Докторке, колешке, ќе ни останеш во убави спомени. Вечна ти слава.“
„Бог да ја прости! Голема загуба за Велес. Беше една, ако не и најдобрата докторка.“