Skip to main content
Македонија

По 24 часа интензивна потрага, пронајдено е исчезнатото момче од Тремник!

16/04/2025  15:05

По 24 часа од исчезнувањето, пред малку е пронајден Диме Стојамиров (22) од Тремник, Неготино. Момчето кое има здравствена попреченост беше исчезнато од вчера, околу 14 часот, а по него се одвиваше интензивна потрага.

Го бараа стручни тимови, беше вклучен и дрон, како и доброволци.

-Диме е пронајден во добра состојба, во Дисан. Ни јавија луѓе од таму, сега веќе е на пат кон дома, секој момент треба да го донесат. Не знаеме каде ја поминал ноќта и што се случило, најважно е дека настанот заврши добро. Штом го донесат дома, ќе имаме повеќе детали. Изразуваме благодарност на полицијата, на сите жители кои доброволно го бараа, на сите луѓе кои ја споделија неговата фотографија, за ,,Фокус” изјави Симе, чичко на момчето.

Вики Клинчарова за Фокус