Skip to main content
Забава

Ова природно средство за чистење килими има магично дејство, а многу е евтино: Сите состојки веќе ги имате дома

15/02/2025  16:53

Обично чистењето на килимите им го препуштаме на професионалци, но денес ви откриваме природно средство што ги отстранува и тврдокорните флеки за миг! Се прави многу лесно од само неколку состојки, и тоа без грам хемија, а ефектот е неверојатен. Дамите што го испробале се воодушевени.

Состојки: 3 дл јаболков оцет, 7 дл сок од лимон, 1/2 л вода, 1 лажица сода бикарбона, неколку капки етерично масло од цитрус, лаванда или некое друго по ваша желба.

Прво детално поминете го килимот со правосмукалка, а потоа добро истријте го со сунѓер со овој раствор и оставете го да се исуши.