Skip to main content
Спорт

Осмото коло во Лигата на шампионите донесе рекорд по ефикасност во 21. век

30/01/2025  10:27

Во 8. коло од Лигата на шампионите е поставен рекорд по постигнати голови во 21. век. На 18 натпревари одиграни синоќа беа постигнати 64 гола.

Исто така, во досегашниот дел од сезонава на 144 натпревари од Лигата на шампионите, постигнати се 470 голови, што е најдобар показател за просечниот учинок по натпревар во последните 6 години – 3,26 голови.

Минатата сезона оваа вредност беше 3,08 гола, во сезоната 2022/23 – 3,15, во сезоната 2021/22 – 3,09, во сезоната 2020/21 – 3,01 и во 2019/ 20 – 3,21.