Skip to main content
Свет

Орбан и Ердоган се согласија да продолжи испораката на руски гас во Унгарија

08/12/2025  18:22

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан денес во Истанбул постигнаа договор дека Турција ќе го гарантира континуираниот транзит на руски гас до Унгарија, објави Ројтерс.

„Кога го гледам светот околу Унгарија, гледам Турција која навистина се бори, турски свет кој навистина се обидува, чекори напред и се зајакнува“, рече Орбан на заедничката прес-конференција со Ердоган.

Ердоган рече дека тој и Орбан потпишале документи што ќе ги зајакнат темелите на односите меѓу двете земји во областите што се движат „од авијација до безбедност, од технологија до култура и образование“.

Двајцата лидери се согласија да формираат заедничка група за планирање.