Skip to main content
Скопје

Општина Гази Баба доделува субвенции за сончеви термални колектори

05/05/2025  12:53

Општина Гази Баба објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори.

Општина Гази Баба ќе им надомести дел од трошоците во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство за 2025 година.

Барателот треба да ги исполни следните услови:

• да е жител на Општина Гази Баба,

да нема искористено субвенции за купување на сончеви термални колекторски системи во својот дом од било кој друг извор на Република Македонија,

• набавениот уред да биде купен во 2025 година, во период од денот на објавување на јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,